Kатоличките верници ширум светот го одбележуваат Велигден во сенка на пандемијата на коронавирус и принудени да го прослават највеселиот ден во христијанскиот календар изолирани во своите домови.



Плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, каде вообичаено за Големиот празник се собираат десетици илјади луѓе, овој пат остана празен, опколен од полициски барикади, за да се спречат оние кои сакаат да го слушнат папата и традиционалното обраќање „Urbi et Orbi“ говор „Урби ер Орби“ и благослов „на градот и во светот“.

За време на вечерната велигденска миса во празната црква Свети Петар, ги повика луѓето да не де препуштаат на стравот и да се свртат кон пораките на надеж.

На мисата која обично се одржува во преполна црква со околу 10.000 луѓе, имаше само дваесетина од кои опвеќето помошници и хор помал од вообичаеното, пренесе Ројтерс.