Под мотото на поранешниот претседател Вацлав Хавел „Европа како задача“, од 1 јули 2022 година Чешка го презема ротирачкото претседателство со Европската унија.
Прага го гледа ова не само како можност за заедничко размислување, туку пред сè како повик за одговорност и решителна акција заснована на вредностите кои нашата совест бара да ги следиме. Ако сакаме да ги исполниме очекувањата од овој историски момент, нашиот троен предизвик е: да ја преиспитаме, обновиме и надополниме Европа, се вели во обраќањето објавено на официјалната веб-страница на Претседателството.
Руската агресија врз Украина, енергетската криза, климатските промени и самитот на европските земји: ова се приоритетите на чешкото претседателство со ЕУ , кое започнува денеска.







