Новиот чешки претседател Петр Павел плати казна од 60.000 круни (околу 2.700 долари) зашто пропуштил детали за спонзорите во претседателската кампања, објави чешката телевизија.
Претседателот е казнет од Управата за надзор на економската активност на политичките партии за нецелосни информации за спонзорите во кампањата.
Од Канцеларијата на новиот шеф на државатацелат дека во податоците за некои спонзори на кампањата на Павел недостасуваат информации, на пример, за нивното место на живеење и датумите на раѓање, што е најчестиот пропуст во овие документи.
„Ако имате 6.000 спонзори и сите тие треба да дадат податоци како адреса и датум на раѓање, но еден од нив не ви ги обезбеди, тогаш немаме начин како да ги обезбедиме… коментира Павел за новинарите.
Новиот чешки претседател, веќе ја плати казната на 13 март.






