Чешка го откажа мечот со Шкотска во Лига на нации поради двајца фудбалери позитивни на Ковид-19

Фудбалската репрезентација на Чешка нема да ѝ излезе на мегдан на Шкотска во Лигата на нациите в понеделник поради тоа што двајца од нејзиниот состав се заразени со коронавирус.



Вчера Чесите стартуваа во второто издание на ова натпреварување со триумф од 3:1 на гости кај Словачка.

Двајца фудбалери од тимот имаа позитивни тестови на Ковид-19 и се во карантин, па Славија од Прага се закани дека ќе ги повика назад сите седум свои репрезентативци. Тоа ја натера Фудбалската федерација на Чешка да ја распушти целата репрезентација, па мечот со Шкотска во Оломуц нема да се одигра.

Медиумите во Шкотска очекуваат УЕФА да ѝ додели службена победа на нивната селекција.