Чернобил има енергија за уште 48 часа, а потоа…

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба за украинските медиуми вели дека оштетена е единствената линија за напојување на нуклеарната централа Чернобил и сите нејзини нуклеарни постројки контролирани од руската армија.



„Чернобил е без енергија. Ја повикувам целата меѓународна заедница веднаш да побара од Русија да го прекине огнот и да им дозволи на екипите за поправка што е можно поскоро да го обноват снабдувањето со електрична енергија“, вели тој.

Тој додава дека резервните дизел генератори ќе ја напојуваат нуклеарната централа Чернобил и нејзините капацитети во текот на 48 часа. Потоа ќе се исклучи системот за ладење на складиштето на искористеното нуклеарно гориво, што ќе се закани со истекување на радијација.

-Варварската војна на Русија ѝ се заканува на цела Европа. Путин мора веднаш да ја прекине, вели Дмитро Кулеба.