Историчарот Тодор Чепреганов, во врска со усогласените препораки на заедничката Комисија за историски и образовни прашања што беа објавени вчера, вели дека тоа се некомпетентни заклучоци кои ги подриваат македонскиот идентитет, јазик и култура донесени од некомпетентна комисија.
„Станува збор за некомпетентна Комисија за историски и образовни прашања која носи некомпетентни заклучоци. Со ваквите најнови одлуки силно се удира врз македонскиот национален идентитет и култура – вели Чепреганов за ТВ24
„Со ова се прави обид да се смени или да се избрише колективната меморија на македонскиот народ. Јас лично сум против за заедничко чествување на историски личности, оти заедничко чествување може да прави еден ист народ, а не два различни народа.
Ние и Бугарите сме сосема различни народи.
Во 10-вековната историја само 120 години сме имале каква-таква врска со Бугарите, и тоа кога тие биле окупатори“ – изјави Чепреганов.







