Чекорите на македонското уништување идентични на формулата откриена од Кундера

Нашинецот Томислав Томче Бојаџиевски кој живее во Канада го препознава рецептот за уништување на македонскиот народ кој според него се случува сега во планот во повеќе чекори за кој пред 3 децении зборувал еден од највлијателните светски писатели Милан Кундера.



Чехот пред 2 години се потпиша на петицијата на македонски интелектуалци против Преспанскиот договор и промената на уставното име.

“Односно како што вели Милан Кундера:
“За уништување на еден народ”:

– Првиот чекор за уништиш еден народ, е да му го избришиш паметењето (мемориjата).

– Да му го уништиш светото писмо и книгата.
– Неговата култура и историjа.
– Потоа да ставиш некоj, тугинец да му напише нови книги.
– Да им се образува нова просвета и образование
– Да им измисли една нова историjа.

Бојаџиевски не може да разбере како во 21 век Македонците се соочуваат со вакви проблеми и како постојат Македонци кои го поддржуваат лидерот на СДСМ.

“Живеев во зграда каде повеќето мои комшии се деца бегалци од Беломорска Македонија или како повеќето ја нарекуваме Егејска Македонија а самите Македонци Егејци но за жал повеќето Македонци од Македонија зборот Егејци го употребуваа да ги понижат и омаволажат а тоа и ден денеска не е престанато.

Мојата сопруга е исто така дете на тие бегалци.

Ја имав таа моја животна историја да патувам во Беломорска Македонија по Македонските села со грчки имиња.

Ги слушав и ги живеев приказните каде им беше забранувано да зборуваат Македонски да пеат на Македонски и да кажат дека се Македонци.

На оние кои во виорот на војната ги иселија и ден денешен во 21 век им е забранет влез да ги видат своите родни огништа иако тогаш биле се уште невини деца .

Истата приказна и во Бугарија во 21 први век да бидеш принудуван и да се плашиш да кажеш дека си Македонец.

На Грција и Бугарија единствена стратешка цел е да не постои ни Македонија ни Македонски Народ

Денеска Зоран Заев е нивниот партнер во таа нивна геноцидна политика во уништување на една земја на една нација.

Него и да го разберем нема врска со реалноста во која е опкружен ама не можем да ги разберем оние негови слепи следбеници кои поради лични профити газат врз Македонскиот народ .
Денеска во 21 век да во својата Македонија да се плашиш да кажеш дека си Македонец поради некој добрососедски односи .
Историја да мењаваш и да газиш над мртвите тела на твоите претци”, пишува овој Македонец кој живее во Канада.

Бојаџиевски објавува и делови од написи на македонски интелектуалци и публицисти кои објаснуваат како прежувувал македонскиот идентитет.

“Моjот народ беше неписмен на своjот маjчин jазик. Не затоа што беше заостанат, туку затоа што не му се даваше можност да го учи своето писмо и да пишува на македонски. Но, нашата
усна традициjа никогаш и никакви воjски не успеале да jа сотрат. Морничавите тажачки, на македонските маjки, денес
одекнуваат до небото, од радост. А ние децата растевме со песните за аргатувањето, воjните, љубовта и печалбата. Немало Костурчанец, било каде и да е; да не jа запее и заигра песната, коjа му врие во крвта:

Мори чупи Костурчанки,
Раширете го орото,
Раширете го орото,
Да ви виме фустаните,
Да ви виме фустаните,
Чиj е фустан дамкалиjа
Чиj е фустан дамкалиjа,
Да се стора севдалиjа…
По фустанот на чупчето…”

Извадок од книгата на Стојан Кочов

“Арам да ти е ЗОРАН ЗАЕВ и арам да ви е и на сите вас слепи следбеници и подлизурковци сами во најстрашни маки да умирате семето да ви се сотре рода да немате”, пишува Македонецот од Канада Бојаџиевски на својот фејсбук профил