Чеченци сакаат да влезат од БиХ во Хрватска…

Ттриесетина Чеченци се наоѓаат на граничниот премин Маљевац кај Велика Кладуша, каде што чекаат да ја поминат границата и да влезат во Хрватска.



Чеченците имаат руски пасоши и тврдат дека во Сараево пристигнале со авион, со лет од Истанбул, јавува Индекс.хр.

„Добив покана за војна во Украина, заминав за да не се борам во Украина, избегав со семејството“, вели еден од нив.

Тие не сакаат да се фотографираат и истакнуваат дека целта им е само влез во Хрватска и дека во Велика Кладуша ги има околу 100.

Министерот за безбедност на БиХ Селмо Цикотиќ за Радио Слободна Европа изјави дека има педесетина луѓе кои легално влегле во Босна и Херцеговина.

„Тие бараат политички азил во Хрватска. Хрватска во моментов не го прифаќа тоа. Има некои „несогласувања“ меѓу нашата и хрватската гранична полиција“, рече Цикотиќ.

Нема информавија колку Чеченци досега добиле азил во Хрватска.