Чебрен на Уставен

Инженерите на Република Македонија поднесоа Претставка до надлежните институции Уставен суд,
Државно правобранителство,
Државна комисија за спречување на корупцијата,
Државен завод за ревизија,
Јавно обвинителство и
Биро за јавни набавки поради сомневање дека со општите акти на Владата во постапката при подготовката и реализацијата на јавниот повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроелектрични централи на Црна Река се направени бројни суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци со кои се загрозуваат:
Суверенитетот, територијалната целина и основите на економските односи определени со Уставот, како и
Уредувањето на територијата за потребите на одбраната предвидени со Планот за одбрана на Републиката согласно одредбите од Законот за Одбрана.
Инженерите на Република Македонија очекуваат надлежните органи да постапат по поднесената претставка и да го замрзнат процесот за потпишување на договор за Јавно-приватно партнерство сѐ додека не се истражат, потврдат или отфрлат нивните сомневања.