Експерти сметаат дека е лоша вест тоа што изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, стратешки проект тежок една милијарда евра, го добива компанија од надвор.
Една милијарда евра ќе чини изградбата на ХЕЦ Чебрен, ќе ја гради фирма од Грција
ВВо пракса тоа ќе значи дека електричната енергија која ќе биде произведена во Македонија со домашни ресурси ние повторно ќе треба да ја купуваме на берза:
„Ако ја земеше Македонија ќе беа 100 милиони евра на годишно ниво , што не се големи пари за кај нас , сега струјата ќе ја произведуваме дома и ќе ја купуваме на берза . Веројатно до сега ниту едно стопанство не се сметаше компетентно да изгради една таква централа, а зошто до сега не се прифатени другите понуди, веројатно зошто биле многу штетни“, вели Константин Димитров од МАЦЕФ за Алфа.
Од она што досега е познато во јавноста, грчката компанија ќе треба да отвори посебна фирма во Македонија во која учество би требало да има и државната ЕСМ, најверојатно од околу 30%. Експертите предупредуваат дека милијардата за Чебрен може да доведе до ново задолжување…
По 13 пропаднати тендери , по повеќе од 30 години Владата донесе одлука за доделување на концесија за изградба на ХЦ Чебрен.
Откако ќе заврши проектирањето и собирањето на документацијата, предвидено е да се почне со градбата , рокот е 7 години а вредноста на договорот 1 милијарда евра .






