Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, рече дека Турција сака конструктивни врски, како со Русија, така и со западните земји.
„Турција е независна и суверена држава и треба да има добри односи со сите свои соседи“, рече Чавушоглу, додавајќи дека „Турција не мора да избира меѓу Русија и другите“.
Тој истакна дека Турција не гледа во Москва алтернатива на односите со другите земји и рече дека никој ниту на запад ниту во Русија не може да ги натера да изберат помеѓу двете страни.
„Тоа се случи со Украина и видете како заврши“, рече Чавушоглу.
И турскиот заменик-претседател Фуат Октај му порача дека Вашингтон е тој што мора да одлучи дали сака да остане сојузник на Анкара.
Реакцијата на Октај доаѓа по заканата од заменик претседателот на САД Мајк Пенс дека Турција треба да избере помеѓу НАТО и купувањето руски ракетен систем С-400, со што се доведува под знак прашење нејзината во Алијансата.
Од 2011 година, Турција го ја засилува воздушната одбрана поради безбедносните закани во регионот.
По неуспешните преговори за купување на американскиот систем за ПВО „Патриот“, Турција во 2017 година одлучи да купи од Русија софистициран систем на одбрана С-400.




