Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ја предупреди Грција дека намерата за проширување на грчките територијални води од сегашните 6 на 12 наутички милји во Егејското Море би можело да биде причина за војна – casus belli.



„Грција често прави такви најави за да предизвика напнатост или во популистички цели“, рече Чавушоглу коментирајќи ја изјавата екс-министерот Никос Коѕијас кој на 20 октомври ја најави таквата можност.

Грција треба да размисли дали сака да го реши ова прашања по дипломатски пат или треба да го решиме на друг начин“ изјави турскиот министер.

Ова е е прв пат Грција да најавува проширување на територијалните води, а Турција да реагира од причини што голем дел од грчките острови во Егејот се наоѓаат на помало растојание до турскиот брег со што Егејското Море би се претворило во „грчко езеро“

По провокативните изјави на Чавуоглу следуваше реакција на пемиерот Алексис Ципрас во својство на нов министер на надворешни:

“Проширувањето во Егејското Море е легитимно и неотуѓиво суверено право на Грција, во согласност со меѓународното право. Одлуката за проширување е само на Грција, која има право да ги проширува своите територијални води секогаш кога и како што тоа го смета. правото е безусловно и не се доведува во прашање и не се преговара о со трети лица“, стои во реаскцијата од Атина.