Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е пренесен во истражниот затвор во Шутка, на барање на Основното јавно обвинителство кое побара притвор по добиени сознанија дека подготвувал бегство.
„По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка – притвор“.
Кривичниот совет го прифати предлогот на обвинителството иодредил притор во трање од 30 дена, соопштија од Јавното обвинителство.
Чавков е обвинет за настаните од 27 април.
Објавување на пресудата за овој случај е закажана за во петок.





