Чаир и Сарај се збратимија со популарна туристичка дестинација од Малта

Општините Чаир и Сарај денеска потпишаа Договор за збратимување со општината Л-Исла од Малта.



Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, вчера потпишаа Договор за збратимување со општината Л-Исла од Малта, претставувана од градоначалникот Клајв Пулис.

„За нас е чест што се збратимивме со оваа општина која носи европски вредности и традиции и сигурен сум дека овие вредности ќе ни послужат како пример во нашето патување кон Европската Унија. “, рече Ганиу.

Според радоначалниците Беџети и Ганиу, овој договор вклучува и заеднички проекти и програми меѓу општина Чаир и општина Исла, како и меѓу општина Сарај и општина Исла, така што тие ќе бидат од заеднички интерес од областа на локалниот развој, енергетската ефикасност, квалитетот на локалните услуги, младите, спортот и образованието.

Градоначалникот на општината Л-Исла, една од најпопуларните туристички дестинации во Малта, Кливе Пулис рече дека со овој договор не ги приближуваме само нашите општини една до друга, туку и самите жители и ја подобруваме нивната благосостојба.