Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија смета дека најавениот фонд за медиуми од страна на владата за подобрување на финансиската состојба во медиумите не е добра идеја.
„Ние принципиелно сме против јавни пари во медиумите. Тоа сум го истакнал и пред да станам претседател на ЗНМ, вели Младен Чадиковски.
И сега сум на истото мислење дека јавните пари, државните пари во медиумите досега не создадоа ништо добро во медиумскиот простор, впрочем ете што се случи во последните десетина година со тие пари во медиумите паднавме на најниско ниво во регионот, бидејќи тие пари и мерки во голем дел беа користени како обид за корупција на медиумите, така што ние сметаме дека македонското општество се уште не е зрело за формирање на модел кој што ќе дозволува јавни пари во медиуми, особено кога станува збор за електронските медиуми“ вели Чадиковски во интервјуто за Радио Слободна Европа.





