Повредени 45 лица, а 35 уапсени, е билансот од 56. ден од антивладините протести во Бугарија, кога тензијата во главниот град Софија ескалира вечерва со блиска средба меѓу органите на редот и демонстрантите.
Илјадници незадоволни од Владата на Бојко Борисов извикуваа „оставка“ и „мафија“ додека се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во Народното собрание додека траеше седницата на која се дискутираше за уставни промени.
Арсеналот на демонстрантите се состоеше од камења, јајца, јаболки и домати, а жандармеријата употреби шок-бомби, солзавец и бибер-спреј.






