Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ одговори негативно на барањето на Петре Шилегов спомениците од „Скопје 2014“ да преминат во сопственост на Градот.



„Според изборниот законик во изборниот период не смее да се отуѓува државен имот“, вели Боградновиќ.

„По изборите на 12 април ќе го разгледаме барањето на градоначалникот Петре Шилегов. Јас сам не можам да одлучам дали ќе му ги дадам спомениците или не. Таква одлука мора да донесе Советот на Општина Центар, како што била и донесена одлуката од претходниот градоначалник Андреј Жерновски, кога одржувањето било предадено на Град Скопје“, вели градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ за порталот СакамДаКажам,