Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат вели дека инспекторите немаат надлежност да ги контролираат цените, освен за производи за кои има одлука на државно ниво за ограничување на поскапувања.
„Државниот пазарен инспекторат врши контрола на цените, меѓутоа само на оние што се донесени на државни ниво, како заштитени или ограничени цени“, вели Пауновски.
Според негови зборови, „во трговијата на мало, за најголемиот дел производи и стоки што се покачени овој период, немаме надлежност да контролираме, бидејќи како држава сме ориентирани кон пазарната економија, а во пазарната економија и во приватниот сектор секој си оди од побарувачката и потрошувачката, како и од трошоците на набавка, трошоците за превоз, како и она што им е како маржа, односно заработувачка на самите претпријатија“.






