Цените си растат, граѓаните секако си плаќаат, а надлежните не можат да се договорат кој е крив за хаосот со скапотијата. Институциите никако да се договорат кој е одговорен околу контролата на цените на основните прехранбени продукти и што треба да се превземе за да се спречи ударот по семејниот буџет. Премиерот Ковачевски најави дека мерки ќе има и ќе се однесуваат околу маржите но и дека е можно да има проблеми со снабдување со млеко.

Комисијата за заштита на конкуренцијата кон која дел од владините министри и бизнис заедницата посочија со прст дека треба да испита како дојде до новиот ценовен шок и дали има здружување и договарање на цени, чека преставни од надлежните институции за да направи проверки бидејќи не можела да го стори то самоиницијативно.
- – „Од она што го гледам на пазарот како физичко лице се слоѓувам дека цените се дигнати до плафот. Прехранбените производи имаат производители и трговци. И тоа огромен број. Каде би направиле увид? Треба да се направи на барем петстотини до илјада производители и трговци. Јас од медиумите слушнав дека се прави анализа на пазарот. Од таа анализа може да произлезе некое сознание или сомневање каде преку преставка од инспекции или министерства би стигнало до нас со одреден број на имиња на компании за кои се сомневаат дека прават штетни договори. Нашиот дел е само да ги исконтролираме штетните договори за цени и производство“, изјави Владимир Наумовски, претседател на Комисијата.

Премиерот Ковачевски повтори дека владини мерки ќе има поради поскапувањето на голем дел од основните прехранбени продукти и ќе се однесуваат околу маржите односно разликата меѓу производствените и продажните цени. Тој кажа и дека е можно да се јави прблем со снабдувањето со млеко а причината ја лоцираше во војната во Украина.
Бизнис-заедницата го кажа својот став дека е против владини мерки како ограничување на маржи и замрзнување на цени бидејќи цените ги диктира слободниот пазар. Тие сметаат дека долоку Владата интервенира тоа трбеа да го стори со намалување на ДДВ и даноците и со активирање на државните стокови резерви.





