Цените растат, граѓаните осиромашуваат, а власта не презема ништо

Граѓаните на почетокот на изминатава неделава се соочија со нов бран поскапувања на храната и горивата. На списокот на производи со нови цени се најдоа и дел од млечните производи кои по втор пат пораснаа за една недела. Сирењето и урдата се продаваат за 30 денари поскапо, но има најави дека во наредните денови ќе поскапат за дополнителни 15 до 20 денари, пишува ТВ Алсат. Цената на кашкавалот достигна 900 денари за килограм, додека килограм сирење чини над 500 денари. И месните производи имаат повисоки цени, а од понеделникот имаше и ново поскапување на горивата поради растот на светските берзи.
Потрошувачката кошничка во јули за едно четиричлено семејство потребни беа 48.620 денари.
Има различни пристапи за пресметување на потрошувачката кошничка, но сите водат кон ист заклучок, граѓаните осиромашуваат, велат синдикалците.
Владините претставници даваат оптимистички изјави дека макроекономските мерки и монетарната политика ги постигнуваат очекуваните резултати за подобрување на животот на граѓаните преку забавување на месечната инфлација и преку номиналниот пораст на просечната плата. Како аргумент го наведуваат фактот дека граѓаните плаќаат најниска цена на горивото во земјите од регионот. Од друга страна, најголем дел од граѓаните и економските експерти во земјава велат дека ако се споредат сегашните цени на храната и горивата во земјава со висината на просечните плати во регионот, сепак нашите граѓани континуирано осиромашуваат.
Извор : https://alsat.mk/mk/tsenite-se-povisoki-vlasta-ne-prezema-nikakvi-merki/