Цените растат, државата спие – Како да се ублажи ударот од бранот поскапувања што руши рекорди?!

Како да се заузда растот на цените? Откако летово цените на овошјето и зеленчукот рушат рекорди, па така лубеницата се продава за минимум 35 денари кило, а дињите, како и благите пиперки ја надминаа и стотката. А, последниве недели и млечните продукти се продаваат поскапо, како одредени сирења и кашкавали чии цени пораснаа и за 30 денари, професорот по економија Зоран Ивановски смета дека тоа е така бидејќи домашното производство не може да ги следи светските трендови.



  • „Бара нова стратегија за развој на земјоделието, очигледно е дека домашно производство не може да следи трендови на светски пазар. Наши цени во некој дел ги надминуваат и оние од опкружување, ако некаде сме го стигнале светот може да заклучиме дека е во делот на цените не сме веќе поевтини, дури и во однос на традиционалните земјоделски производи“ кажа за „Канал 5“ Зоран Ивановски, професор по економија.

Во меѓувреме статистика пресмета дека трошоците за живот паднале во споредба со претходниот месец, кога стапката за прв пат по подолго време беше едноцифрена и сега изнесува 8,4%. Според Ивановски во реалноста тоа не е така.

Од септември со даночната реформа, низа производи ќе добијат повисоко ДДВ и тоа од 5 на 10%, а со тоа и повисоки цени. Ивановски вели дека даночните измени се очекувани бидејќи власта мора од некаде да го полни буџетот, но смета дека тоа дополнително ќе ја подгрее инфлацијата.