Со владината одлука која беше најавена за денеска опфатени се макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година.
Одлуката, за млечните производи ќе стапи во сила од 17 март до 31 мај 2023 година и ќе се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.
„Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 17 март – 31 мај 2023 година“, соопшти денеска шремиерот Димитар Ковачевски.
Според него, Владата ќе проодлжи да носи одлуки кои го штитат интерсот и стандардот на граѓаните.







