Цените на бензините пак угоре

Регулаторна комисија направи нова корекција на цените на горивата што ќе важат од 01 часот по полноќ.



Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар по литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 денар по литар.

Новите цени на бензините се:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 87,50 денари по литар,

ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 денари по литар.

Истовремено за 1 денар се намалува цената на дизел горивото па од утре ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 80,00 денари по литар,

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 денари.

Цената на мазутот М-1 НС ќе биде 46,025 денари по килограм.