Цените на производите во Македонија ќе се намалат на „куково лето“, ако власта не ги покачи платите на сите – се е бадијала

Инфлацијата се намали за 1% и сега е 8,4%, ама во пракса ниту граѓаните, ниту стопанството тоа не го чувствуваат. За да има некаков ефект, власта мора итно да ги покачи платите на сите работници, за да се ублажи ценовното цунами кои никогаш нема да се намали, вели во изјава за Алфа економистот Бранимир Јовановиќ од виенскиот институт. Тој и порача на власта да стави прст на чело и добро да размисли какви економски мерки ќе донесе, од до сега направеното се било промаршено.



Дека ниту во наредниот период нема ништо да се подобри на економски план алармираат економистите, кои предупредуваат дека притисокот врз цените допрва ќе оди на горе за кога се најавуваат повисоки цени на енергенсите. Иако само се најавува раст на платите во јавниот сектор од септември, тоа само по себе нема да биде доволно за позначајно стабилизирање на состојбите, оти живеачката станува се поскапа.

И додека живеачката станува се поскапа, во меѓу време, во Собранието се турка повисокото ДДВ за дел од прехрамбените производи. Наместо 5%, ќе порасне на 10%. Станува збор за наполитанките, пармезанот, гумените бомбони, брашното од соја, тропското овошје.

Според државната статистика, трошоците на живот за јули се зголемени за 1% во споредба со јуни, а цените на мало за 1,6%. Пораст на трошоците на животот има и кај овошјето и тоа за 12,6%, лебот поскапел за 3,8%, сирењето за 1,8%, а млекото за 0,9%.

Колку за потсетување, лани, па и од почетокот на годинава, цените буквално експлодираа, а инфлацијата рушеше рекорди. Во октомрви лани таа достигна до близу 20%, а од почетокот на годинава таа благо се намалуваше за во јуни, да стане едноцифрена од 9,3%. Но и новото минимално намалување, на граѓаните не им значи ништо.

Според „Евростат“, инфлацијата во Еврозоната се намалува поради падот на цените на енегенсите. Во земјите од регионот, најниска инфалција има Косово, а највисока Србија, над 13%. Пред сите е Македонија, со инфлација во јули од 8,4%.