Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економика Крешник Бектеши на заедничка прес конференција ги соопштија мерките за заштита на стандардот на граѓаните и, како што беше најавено, во конкретниот случај – на јајцата и на оризот.
Според премиерот, ова е продолжение на сет мерки со кои во изминатиот период се намалуваа цени или се замрзнуваа. Трговците смеат да ги продаваат јајцата и оризот по кои ги продавале на 15 март. Посочи и дека мора редовно да се набавуваат јајца и ориз.
Министерот Бектеши не прецизираше колкава е конкретно цената на која овие два прехранбени ќе бидат замрзнати, но рече дека најскапото јајце може да се продава по цена од 9,8 денари.
Тој рече дека цените не може да бидат повисоки од онбие на 15 март.







