Утрово е поставен нов рекорд на цената на гасот во Европа и оди над 3.000 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на Лондонската берза ICE.
На денешната сесија досега квотите на синото гориво се зголеми за 39 проценти.
Априлските фјучерси на центарот TTF во Холандија се зголемија на 3.017,5 долари за 1.000 кубни метри.
Минатата недела, цените на нафтата скокнаа за 7 %, на највисокото ниво од март 2020 година и продолжија во понеделник наутро со понатамошен силен пораст.
Цените на барелот дополнително нагло пораснаа утринава , откако скокнаа за повеќе од 20 отсто минатата недела и го достигнаа своето највисоко ниво во повеќе од 10 години.
На лондонскиот пазар цената на барелот утринава порасна за повеќе од 8,5 отсто, на 128,30 долари, а во еден момент достигна и 130 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 7,7 отсто на 124,60 долари.
Цените на енергијата ќе делува како дополнителен данок за потрошувачите, велат аналитичарите, а тоа може да ја намали потрошувачката на домаќинствата и да му наштети на растот на светската економија.
„Ако Западот го прекине најголемиот дел од рускиот извоз на енергија, тоа би било голем удар за светските пазари. Загубата од 5 милиони барели нафта на Русија може да ја зголеми цената на барелот до 200 долари и да го намали растот на глобалната економија “, објаснуваат економистите..







