И покрај очекувањата дека во текот на летните месеци цените на енергенсите ќе се намалат, односно дека ќе добијат некои разумни граници, сепак, тоа не се случи. Ова лето сведоци сме на високи цени на енергентите, кои никако да се намалат, за спуштање до нивоата пред кризата никој не очекува, но енергетичарите велат дека има оправдани причини за страв дека енергенсите ќе станат уште поскапи во есенските месеци.
Сепак, енергетичарите, смируваат и велат секогаш има опции, и ако навреме се подготват Владите и се обезбедат резерви на јаглен, мазут, па и гас, нема причини за страв од недостиг или дополнителен драстичен раст на цените на енергенсите.
– Правењето проекции за цените на енергентите стана несигурно. Забележуваме дека ниту летово цените не се стабилизираа, а тешко дека во следниов период ќе бидеме сведоци на некоја стабилизација. Со доаѓањето на зимата, односно со доаѓањето на есента, кога започнува греењето на домовите, особено ако се случи да се стопира испораката на гас кон Европа, можно е драстично поскапување на енергентите. Очекувано, или вообичаено есенски период цените им се зголемуваа, токму поради зголемените потреби за загревање. Сега дури гледаме дека многу земји се подготвуваат да користат мазут и јаглен, и се врши зголемена набавка на овие горива за да има за зимните месеци – вели професорот Антон Чаушевски од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).
Линк до целиот текст.







