Српската премиерка Ана Брнабиќ го оправдува поскапувањето на електричната енергија во Србија и со нејзината повисока цена во Македонија.
„Цената на струјата во Србија е најниска во регионот и во Европа, а нашите плати не се најниски. На пример, во Албанија платите се 44 отсто пониски, а струјата 33 отсто поскапа, во Северна Македонија таа е поскапа 13, а во Босна и Херцеговина 23 отсто отколку кај нас, додека во Црна Гора цената на електричната енергија е 43 проценти повисока отколку во Србија“, објасни Брнабиќ на тамошната Прва ТВ.






