Струјата нема да поскапи, но зголемениот данок од 1 јануари ќе ги „изгори“ сметките

И директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, денеска изјави дека од 1 јануари 2023 година не се очекува да има зголемување на цената на струјата, но според неговата изјава, сепак, останува поголемиот данок. Имено, за да се спречи граѓаните да плаќаат повисоки сметки лани во јули данокот беше намален и во моментов изнесува 5 отсто, меѓутоа одлуката што беше донесе предвидува тој постепено да се враќа до старото ниво од 18 отсто. Првото етапно враќање е предвидено од 1 јануари 2023 од кога данокот треба да биде 10 отсто.



„Ние како ЕСМ она што го правиме е значително да ги намалиме непродуктивните трошоци, да го зголемиме домашното производство. Зголеменото домашно производство значи и намалена цена на домашно произведената електрична енергија. Така што во тие насоки ќе гледаме цената да биде избалансирана и, она што го слушнавте и од министерот за економија и од претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), не е очекувано да има зголемување на цената за електрична енергија освен оној дел од данокот, кој знаеме сите дека од 1 јануари треба наместо 5 да биде 10 проценти затоа што минатата одлука така се донесе и важноста на законот е од 1 јануари да има зголемување на данок, односно враќање на даночната стапка периодично во наредните години до процент колку што беше пред прогласувањето на кризната состојба и одлуката за данокот“,рече Ковачевски.

Зборувајќи за домашното производство на електрична енергија, на прес-конференција тој рече дека ЕСМ за периодот од 1 јануари до 31 октомври годинава го исполниле планот за зголемување на производство.

Дополнително зголемување на производството тој најавува за од декември кога во функција треба да биде ставен и блокот 3 во РЕК „Битола“, за кој трансформаторот е набавен и во моментов се транспортира кон земјава. Очекувањата се да пристигне до 22 ноември, а по десетина дена монтажа, да се стави во функција на почетокот на декември.

360 степени
МАКЕДОНИЈА
СТОРИЈА
ДЕБАТА
САБОТАЖА
ЗА НАС
Барај
ПРИЈАВИ СЛУЧАЈ

МАКЕДОНИЈА
Цената на струјата нема да поскапи, но зголемениот данок од 1 јануари ќе ги „изгори“ сметките
360степени | 15 ноември, 2022 16:04

Првиот човек на ЕСМ рече дека тоа што фирми се префрлиле од слободниот на регулираниот пазар, каде што струјата е наменета за домаќинствата и малите потрошувачи, не ја зголемило потрошувачката бидејќи во октомври и почетокот на ноември имало топло време. Меѓутоа, порача дека тие треба што побрзо да се вратат на слободниот пазар и вели дека се добри најавите за воведување блок-тарифи на регулираниот пазар и за фирмите, исто како што беше направено со домаќинствата, па на таков начин оние што трошат повеќе – ќе плаќаат повеќе, па на големите компании нема да им биде од корист да бидат на регулираниот пазар
И директорот на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, денеска изјави дека од 1 јануари 2023 година не се очекува да има зголемување на цената на струјата, но според неговата изјава, сепак, останува поголемиот данок. Имено, за да се спречи граѓаните да плаќаат повисоки сметки лани во јули данокот беше намален и во моментов изнесува 5 отсто, меѓутоа одлуката што беше донесе предвидува тој постепено да се враќа до старото ниво од 18 отсто. Првото етапно враќање е предвидено од 1 јануари 2023 од кога данокот треба да биде 10 отсто.

„Ние како ЕСМ она што го правиме е значително да ги намалиме непродуктивните трошоци, да го зголемиме домашното производство. Зголеменото домашно производство значи и намалена цена на домашно произведената електрична енергија. Така што во тие насоки ќе гледаме цената да биде избалансирана и, она што го слушнавте и од министерот за економија и од претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), не е очекувано да има зголемување на цената за електрична енергија освен оној дел од данокот, кој знаеме сите дека од 1 јануари треба наместо 5 да биде 10 проценти затоа што минатата одлука така се донесе и важноста на законот е од 1 јануари да има зголемување на данок, односно враќање на даночната стапка периодично во наредните години до процент колку што беше пред прогласувањето на кризната состојба и одлуката за данокот“,

рече Ковачевски.
Бектеши повторно најавува дека ќе нема поскапување на струјата од 1 јануари

Зборувајќи за домашното производство на електрична енергија, на прес-конференција тој рече дека ЕСМ за периодот од 1 јануари до 31 октомври годинава го исполниле планот за зголемување на производство.

Бислимоски: РКЕ и да не ја промени цената на струјата сметките ќе се покачат со зголемување на ДДВ-то

Дополнително зголемување на производството тој најавува за од декември кога во функција треба да биде ставен и блокот 3 во РЕК „Битола“, за кој трансформаторот е набавен и во моментов се транспортира кон земјава. Очекувањата се да пристигне до 22 ноември, а по десетина дена монтажа, да се стави во функција на почетокот на декември.

Првиот човек на Регулаторна е против поскапување на струјата за домаќинствата по Нова година

Директорот на ЕСМ посочи дека поради задоволеното ниво на производство на струја дома, во октомври немало набавка на електрична енергија, додека во првата половина од месецов се набавувало само за седум дена, а се очекува увоз и сега во втората половина.

Исто како и министерот за економија, Крешник Бектеши, и Ковачевски набавките ги објасни со тоа што ако се имаат предвид цените за струјата на берзите во моментов поисплатливо е да се увезе отколку да се произведе.

„Набавките се заради ремонтот што се прави во ТЕЦ Неготино, односно производната цена во ТЕЦ Неготино е повисока од цените на берзите така што подобро да штедиме и мазут и пари, и полесно беше да се набават. Од декември, како што кажав, ќе го зголемиме производството и ЕСМ има земено обврска за зголемување минимум 20 проценти во однос на претходната година, а тоа ќе значи 100 процентно исполнување на обврските кон сите договорни органи што ги имаме“,

рече Ковачевски.
Тој оцени дека тоа што компании се префрлија од слободниот на регулираниот пазар, каде се наоѓа струјата наменета за домаќинствата и малите потрошувачи, не придонело до зголемување на потрошувачката поради топлото време што било во октомври и првата недела од ноември.

Меѓутоа порача дека потребно е брзо тие да бидат вратени на слободниот пазар за да не ја оптоварат цената на струјата за граѓаните и малите потрошувачи.