Цената на нафтата се ближи до 100 долари за барел

Расте цената на нафтата поради најновите случувања во Украина.



Фјучерсите за Брент достигнаа 98 долари за барел, што претставува највисока цена изминативе 7 години. Ова се случи откако Русија одлучи да ги признае украинските сепаратистички региони како независни држави.

Западните земји се заканија со санкции за Русија, која е втор по големина извозник на нафта во светот, по Саудиска Арабија, и најголем извозник на природен гас.