Финансиската криза која ја погоди Грција од 2010 година, намалувањето на стапките на наталитет, зголемувањето на смртноста и негативните миграции, ја наметнуваат демографијата како главно национално прашање.
Според пресметките на ЕЛСТАТ, само во периодот 2011-2017 населението на Грција се намалило за 355.000 луѓе (од 10.9 милиони) и ако на проблемот не се пријде како национален проблем „број 1“, населението на Грција, според проценките на Еуростат, во 2080 година, ќе спадне на 7.2 милиони луѓе.





