Цената на гасот урива рекорди

Цената на природниот гас во Европа надмина 300 евра за мегават-час, што е повисока од рекордната цена забележана на почетокот на руската инвазија на Украина во март.



На холандската платформа за тргување со гас ТТФ, која ја претставува референцата за европскиот пазар, во средата се тргуваа фјучерси по цена од 300,165 евра за мегават-час, што претставува зголемување од 11% во однос на неколку трговски сесии.

Поскапувањето на гасот го поттикна најавата за тридневен целосен прекин на снабдувањето со руски гас преку гасоводот „Северен тек 1“.