Цената на дрвото за огрев кај приватниците достигна до над 5.000 денари за кубен метар. Немајќи механизам во државава за сразмерно покачување на цената, како и за речиси сите други производи, приватниците кои работат со сеча на дрва, ја „искористија“ ситуацијата и вештачки ги „напумпаа“ цените на дрвото за огрев.
Владата, на седницата што се одржа во средата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука, како и на пелети за огрев.
Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500 денари за просторен метар, односно до 6.429 денари за кубен метар, што претставува уште повисока цена од онаа што ја нудеа приватниците.
Влада: Кубик дрва за огрев најмногу до 100 евра, пелетите 27 денари за килограм
Толкава разлика во цената, меѓу понудата од ЈП „Национални шуми“ и онаа на приватниците, не е забележната во текот на изминатите години. Според информациите од граѓаните кои претходните години набавувале дрва од приватници, разликата во цената кај ЈП „Национални шуми“ и приватниците била најмногу 500 денари по кубен метар, што е поприфатливо, но за жал оваа сезона, што е преставена како „најтешката зима, по Втората светска војна“, тоа не е случај.
ЈП „Национални шуми“ нема капацитет да ја задоволи побарувачката за дрва за огрев, а приватниците кои работат со сеча на дрва, дополнително ја „искористија“ ситуацијата, создавајќи вештачка паника за недостиг на дрва и граѓаните ја платија цената.
Штетата за оваа сезона е направена бидејќи речиси 80 проценти од домаќинствата кои користат дрва за огрев, веќе набавиле…







