Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за два денара, а мазутот за 1,292 денара, додека цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија (РКЕ).
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 98,50 денари, на екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар), а на мазутот М-1 НС 52,978 денари за килограм.
ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува на цена од 89 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 на 91,50 денари.






