Објаснувајќи го повикот од Европската комисија до членките не Европската унија да ги преиспитаат условите под кои им издаваат визи на руските граѓани, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон се повика на целта на рускиот претседател Владимир Путин, според неа.
„Не треба да бидеме наивни, целта на Путин е да ја уништи ЕУ и тој би сакал да нè нападне таму каде што сме најслаби“, предупреди Јохансон, пренесува агенцијата Франс прес.
Според неа, цивилите можат да дејствуваат како шпиони, саботери или провокатори и изјави дека некои Руси кои дошле во ЕУ „се обиделе да ги малтретираат и понижуваат украинските бегалци кои добиле заштитен статус во ЕУ“.
„Не можеме да исклучиме дека луѓето доаѓаат со цел да провоцираат, да се обидат да предизвикаат социјални немири или да предизвикаат насилство или неред или слични работи, или да се обидат да користат пропаганда“, додава Јохансон.






