И Спасовден помина а министерот Спасовски се уште бара спас за ,,Петтиот несанкциониран”, пишува новинарот Горан Момироски од емисијата Заспиј ако можеш во врска со човекот кого МВР го крие иако е јасно дека учествувал во претепување на вработен во болницата во Прилеп.
,,Изминаа 60 часа откако јавно преку ,,Заспиј ако можеш” го повикав министерот Спасовски да каже зошто петтиот човек што крвнички тепал во Прилеп на 17.4 не е гонет од МВР и не добил притвор.
Изминуваат 24 часа откако официјално со писмено барање побарав одговор од прес службата на МВР за скандалот.
Денес е патерица на Спасовден, се надевам дека нема да треба да чекам до Прочка за одговор.
Прашањето е лесно: зошто МВР и обвинителството гонат само четворица тепачишта како што сами признаа во соопштението на МВР иако јасно се гледа дека има најмалку пет насилници.
Баш ме интересира како ќе се обидат да го оправдаат противзаконското однесување и прикривање сега а знаат дека знам што и како се случувало”, пишува Момироски кој вели дека има време и ќе чека од Спасовски и неговиот тим да кажат зошто го кријат петтиот тепач од Прилеп.
Момироски во пораката до Спасовски кој важи за најмоќен човек во владата ги користи хаштазите:
#СтараЧекалица
#ПеттиотТепач
#КогоКриеОли
#ЗаМалкуУбијаЧовек
На видеото јасно се гледа дека тепаат најмалку петмина а МВР на Спасовски гони само четворица.
Александар Спирковски Џемо, човек кој купуваше гласови за СДСМ за време на изборите во Прилеп напаѓа со своја банда човек и крвнички претепува среде бел ден во Прилеп.
МВР на Спасовски не реагира pic.twitter.com/RZqb89Y1bR— Гледачот (@gledacot2) May 30, 2022






