Цели 40 часа МВР не ги открива тепачите на петте малолетници, Спасовски слави во Охрид

Цели 40 часа МВР не ги открива тепачите на петте малолетници кои биле нападнати и физички малтретирани кратко пред полноќ завчера во Тетово.



Според информацијата која ја објави денеска МВР во својот билтен на настани се работи за инцидент во кој пет малолетници биле нападнати од друга група при што биле физички нападнати.

,,На 06.05.2023 во 00.55 часот во СВР Тетово, З.Ј.(44), З.М.(42) и Г.Т.(51), сите од Тетово, пријавиле дека околу 22.50 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово нивните малолетни синови и уште двајца малолетници од Тетово биле физички нападнати од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, стои во соопштението на МВР.

Информацијата за нападот во билтенот прес службата на МВР ја ,,скрила” меѓу други десетици други настани.

И додека министерот Спасовски во Охрид го слави денот на полицијата и тврди дека Македонија е безбедна земја Тетово чека напаѓачите да бидат фатени и изведени пред лицето на правдата.

Во Тетово меѓу граѓаните има точни информации за насилниците кои ги знае и СВР Тетово но постои сомнеж дека тие се блиски и ,,под заштита” на една политичка партија на власт и затоа Спасовски не може да ги приведе.

Оригиналната вест на expres.mk

Тежок инцидент во Тетово, претепани пет момчиња, Спасовски слави и се фали со нивото на безбедност