Цели 2 години владата не спроведува правосилна судска одлука за случајот “Тозија против Македонија”

Повеќе од 24 месеци Владата на Зоран Заев крие дека правосилно ги изгубила сите можни спорови против хрватскиот Јадран Филм, продуцент на ТВ серијата ,,Македонија”.



Серијата за чие снимање власта на СДСМ го раскина договорот е позната по видео спотот за песната “Налеј, налеј” кој е исклучително популарен на социјалните мрежи и на Јутјуб.

Серијата обработува историски и патриотски теми за Македонија за кои власта на СДСМ-ДУИ благо кажано не е заинтересирана или сака да ги стави настрана.

Според судското досие постои правосилна пресуда на сите нивоа во македонските судови, со кој раскинот на Договорот со Јадран Филм за ТВ серијата Македонија од 27.09.2017 е прогласен за ништовен, заедно со сите превземени акции на основа на тој раскин на договор.

Со тие пресуди, на сите нивоа во македонските судови, Агенцијата за филм и Горјан Тозија ги исцрпиле сите законски можности против Јадран филм.

Агенцијата за филм и Владата според пресудите мора да ја спроведат правосилната одлука но тоа не го прават повеќе од 2 години од непознати причини.

Спроведување на правосилната пресуда е обврзувачка согласно следниве пресуди:

Основниот суд од 12.11.2018, предмет ТЦ- 475 /17

Апелационен суд во Скопје од 19.02.2019, предмет ТСЖ-168/19

Врховен суд од 11.09.2019, број 94/2019

Покрај судските пресуди Влада за неспроведување на правото се соочува со чекори од членката на ЕУ Хрватска каде е лоциран Јадран Филм како продуцент на серијата но и со американска фирма која влегува во делот на дистрибуција на серијата.

Човекот кој ја доведе Македонија во ваква ситуација екс директорот на Агенцијата за филм Горан Тозија сега со одлука на владата е директор на владина новоформирана институција за развој на Преспанскиот регион.

Тозија стана старо нов директор на институцијата за Преспа откако била донесена одлуката на Врховниот суд што значи дека тој има поддршка од владата за своите постапки кои Македонија ќе ја чинат милиони.