Цели 18 години студирал новиот директор на Државниот пазарен инспекторат од СДСМ

Новиот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски студирал цели 18 години на Машинскиот факултет во Скопје.



Според извори во деканатот на Машинскиот факултет во Скопје кои ги анализираше expres.mk, Трајковски кој од страна на владата е именуван за директор на ДПИ, на Машинскиот факултет се запишал во далечната 2001 а студирал до 2018 година.

Кога и како Трајковски успеал да заврши економски науки и да магистрира како што тврди владината прес служба во образложението на неговото именување за директор, владата не дава детали.

Владата вчера објави дека на својата 109-та седница ја разреши директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска и на нејзино место го назначила Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат.

,,Новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија. Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот”, пишува во соопштението од владата во кое нема детали за 18 години долгото студиско искуство на Трајковски како студент на Машинскиот факултет во Скопје.

Трајковски кој е од општинската организација на СДСМ во Кисела Вода десет години повеќе студирал од претседателката на Судскиот совет Весна Дамева која правниот факултет во Скопје го студирала цели 8 години.

Шефицата на судскиот совет студирала фантастични 8 години на Правниот факултет