Цела Македонија двојазична, а во Пустец ни М од македонски јазик

Општина Пустец доби официјална веб страна но таа не е на македонски јазик иако албанската влада признава македонска нација на делови од својата територија.



” Немаше да има никаков проблем ако во општината не живееја 100 % Македонци, а веб страната е само на албански и англиски јазик. Да прецизираме, во општина Пустец, сите кои што живееме тука сме Македонци.

Кога станува збор за Албанците во Македонија Еди Рама бараше албанскиот јазик да стане официјален не само каде што живеат Албанци туку и таму каде што нема ниту еден Албанец.

Но во Албанија во општина во која населението е 100 % Македонци се прави веб страна само на албански и на англиски јазик ?”, пишува на групата И јас сум Македонец и јас сум од Пустец.

Градоначалник на Пустец е Едмонд Темелко кога владата на Заев го гони за изборни нерегуларности во Македонија а тој подолго време е во притвор или куќен притвор.

https://www.facebook.com/974981215911230/posts/2118905928185414/