Царовска живее со човек чиј статус го нема во законите

Во македонскиот Закон за семејство кој ги регулира односите меѓу брачните партнери и нивните права и обврски не постои терминот “неформален сопруг” кој што го употребува министерката Мила Царовска во одговорот на обвинувањата дека нејзиниот партнер добил три бизниси од државни институции.



Во законот нема таков вид партнер за каков што зборува Царовска а нема ни титула сопруг. Постои само брачен или вонбрачен другар.

“ВМРО-ДПМНЕ манипулира преку погрешно толкување на законите. Јас уредно го имам пополнето имотниот лист. Во најбрз можен рок ќе го пријавам и имотот на мојот неформален сопруг, иако не сум законски обврзана. Тој има една гаража од 25 м2 и една парцела земја во кочанско од 1000м2”, стои во реакцијата на Царовска откако медиумите открија дека нејзиниот партнер добил три бизниси од владата.

Министерката Царовска го раководи министерството кое директно е надлежно за спроведување и толкување на Законот за семејство.

Царовска: Неформалниот сопруг поседува 25 м2 гаража и нива од 1000 м2