Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека учебници за идната учебна година ќе има и дека учениците нема да останат без наставни материјали , откако во првиот процес на преговарање со издавачите не беше направен откупот поради нецелосна документација.
„Ние ќе почнеме втор процес на преговарање и сигурна сум дека ќе стигнеме до одредени заеднички решенија утврдувајќи ги сите факти и аргументи на маса кои Комисијата ги добила како информација. Во интерес на учениците, учебници ќе има и учебници има во системот, ние дополнуваме дидактика и одреден процент на учебници“, рече Царовска во гостување на 360 степениМинистерката истакна дека е значајно што целиот овој процес на откуп на учебници се води транспарентно и за првпат МОН ги бара одобренијата.







