Министерската за образование и наука, Мила Царовска, денеска на Фејсбук објави дека со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство.
“Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата” – напиша на фејсбук Царовска.







