Министерката за образование, денеска рече дека сите ученици во основните и средните училишта од 1 септември тргнуваат на физичка настава и дека сите ќе ја следат со заштитни маски.
„Учениците од прво до трето одделение лани покажаа дека знаат подобро од возрасните да ги почитуваат протоколите“, рече министерката Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање пред денеска Владата да ја официјализира одлуката за физичка настава за сите ученици.
Таа додаде дека ќе има исклучоцИ:
„Има исклучоци кога има ученици со хронични болести, но и ако во семејството имаат некој со хронични болести. И децата кои ќе бидат во изолација ќе можат да следат онлајн настава. Има три сценарија, кои можат да се менуваат, зависно од тоа што е потребно во моментот. Нема подобра настава од таа со физичко присуство“, рече Царовска.






