Министерството за образование и наука соопшти дека со денешниот состанок со директори на основни училишта од секоја општина продолжува широкиот консултативен процес за реформите во основно образование, а дека за утре е закажан состанок со наставниците, а за задутре – со членови на МАНУ, пренесува РСЕ.
“Постои потреба и од интензивна обука на наставниците за да може да се прилагодат на новата концепција. Наша цел е темелно да ја подготвиме реформата која првпат се фокусира на најважното, а тоа е знаењето на децата. ..“, вели Царовска.
Сенатот на УКИМ укажа дека на последната вонредна седница тие донеле одлука дека реформата треба да почне како пилот проект, дополнувајќи дека таа е првична идеја за чие спроведување треба многу повеќе време.
„Избрзаните и недоволно обмислени одлуки и решенија донесени од МОН, без јавна и ефективна дебата, можат да предизвикаат сериозна штета со далекусежни последици“, предупреди Сенатот на УКИМ.
За Царовска, забелешките од Сенатот на УКИМ не биле остри, а историјата непотребно се скандализирала. До министерството за образование и наука стигнале триесетина забелешки за новата програма.
Најавената реформа предизвика силни реакции во јавноста…






