Царовска не отстапува за историја, концепт направен само со една анкета

Јавноста конечно може сама да се увери во планот на министерката Мила Царовска во специфичен момент кога Бугарија инсистира дека Македонската историја е бугарска, да го укине предметот историја во основното образование.



Во концепцијата на министерката за образование Мила Царовска нема посебно прашање за најголемиот проблем за кој реагираше јавноста за укинување на хуманистичкиот предмет историја и негово спојување со други општествени науки, но јасно е дека децата веќе нема да имаат предмет историја.

Што ќе изучуваат од историските настани учениците, дали Гоце Делчев воопшто ќе биде споменат како борец за македонската кауза или дали Мисирков бил македонски научник, не може да се види ниту во концепцијата.

Професорката Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик со кратка општа анализа во 6 точки на објавената верзија на концепцијата за која што се уште недостасуваат многу детали, пред се кои експерти работеле на неа.

1. Пишувана е како авторите да не живеат во Македонија

2. Личи на програма на невладина организација

3. Поставена е наопаку зашто не се почнува со наставниот кадар, на пр. Педагошкиот факултет да се зајакне зашто знаеме со години на кое ниво е (во развиените земји дополнително се квалификуваат минимум една година), туку со учениците од најмала возраст

4. Пишува дека учебниците се веќе готови. Или не се пишува вистината или се во контрадикција сами со себе зашто велат дека се неквалитетни постојните

5. Концепцијата е направена врз резултати од ЕДНА анкета направена во ноември 2020

6. Уште полоша е кога ќе се прочита. Немам зборови за ароганцијата со која некој за толку кратко време сака да експериментира со децата.

Целата концепција може да се симне на овој линк: