Царовска доби покана да посети “гранатирано” училиште

Министерката за образование Мила Царовска доби покана да посети училиште каде не постојат шанси да бидат имплементирани нејзните реформи кои претпоставуваат дигитални учебници наместо печатени.



Претседателката на иницијативата “Учебници и настава мора да има’, Драгана Спасевска на Царовска и укажува на само едно од десетиците руинирани училишта каде нема никакви услови за настава.

“Добар ден Министерке!
Сигурно ги ставивте вашите очила за сонце денес, излеговте од дома и ја започнавте работната недела.
Ќе ве замолам да ги извадите очилата за сонце и да почнете малку подобро да гледате!!!

Свидетелства сеуште нема!!!

Ама… Ако погледнеме малку подобро, тука нема прозорци, тука нема сијалици…..тука ѕидовите се распаѓаат…..со еден збор нема основни услови за настава!!!

Па, ако погледнеме подобро тука е луксуз да се има принтер и компјутер затоа што секој е добредојден да влезе и да земе што ќе посака!!!!

Ова личи на место кое е гранатирано, а не на училиште во кое учат деца!!!!
Ако не сте биле во Стење, слободно дојдете во Битола, па јас ќе ве почестам со прошетка и до Стење и до Дедебалци и до многу други места каде што ќе ТРЕБА ДА ГИ ИЗВАДИТЕ ОЧИЛАТА!”, пишува Спасевска која ги користи хаштазите:
#реформи #образование #РЕФЕРЕНДУМ #ОСТАВКА #Министерствозаобразованиеинаука
#МилаЦаровска