Царовска: Целосно ја извртеа мојата изјава!

Министерката Мила Царовска експресно реагираше и преку Фејсбук обвини „некои портали“ дека ја извртеле нејзината изјава во „Детектор“ околу тоа колку пари месечно му се потребни на едно четиричлено семејство.



Медиумита пренесоа дека,. според министерката, потребни се 17.000 денари.

Во емисијата детектор – пишува Царовска на Фејсбук – споделувам индикатор објавен минатата недела од Државниот завод за статистика, а не изразувам мој став. Во текстот подолу ја има целата изјава во која цитирам два извора кои објавуваат потребна сума на пари за живот во текот на месецот. Едниот е од синдикатите другиот од статистика.

Изјавата на Царовска:

“Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речиси до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики.

https://www.facebook.com/carovska.mila/posts/537801453432567