Царов: Не прифаќаме оставка на Зоки, сакаме нови порази на избори и да имаме 8 пратеници

Илинден е една од општината каде членовите на СДСМ секој ден од 15 до 20 часот ќе се собираат и ќе му даваат поддршка на Заев да остане на чело на владата и партијата.



“Почитувани,
Откако премиерот ја соопшти веста дека поднесува оставка од премиерската и претседателската функција од СДСМ.
Јас претседателот на ОО СДСМ Илинден Доне Бибановски, ве повикувам на поддршка за лидерот на СДСМ Зоран Заев да остане на својата функција.

Од денеска и секој нареден ден во просториите на О.О.СДСМ Илинден ве повикувам за поддршка од 15 до 20часот.
#Немаоставка!
#ЗоранЗаев!
#Лидер!
#СДСМ!”, пишува општинската организација на СДСМ во Илинден на својот профил без да прецизира што точно ќе прават таму членовите на партијата.

Покрај изразите на поддршка од повеќе членови на постот реагира и извесен Зорки Царов кој иронично забележува дека СДСМ со поддршката на следните избори може да падне на 8 пратеници.

“Никако оставка не прифаќаме! Сакаме нови порази со Зоки и да имаме 8 пратеници на изборите.САМО ГО БРУКАТЕ ЧОВЕКОТ уште повеке”, пишува Царов.

https://www.facebook.com/932812936737343/posts/4832820670069864/