Одлуката на царинските власти на граничниот премин „Деве Баир“ да не дозволат влез во земјава на 920 книги за Бугарскиот културно-информативен центар во земјава, предизвика реакции во Софија, од каде преку бугарската Амбасада во Скопје е протестна нота до македонското МНР.



Дописникот на МИА од Софија јавува дека книгите со наслов „Бугарски народни песни од Браќата Миладинови“ биле пренесувани од бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој, според бугарското МНР, покажал договор за донација, со којшто книгите требале да бидат доставени до културниот центар.

Во соопштението на бугарското МНР се вели дека и покрај присуството на бугарскиот конзул од амбасадата во Скопје царинските власти изјавиле дека е неопходна дозвола од македонското МНР, во согласност и со Министерството за култура на С Македонија.

Со нотата Амбасадата на Бугарија во Скопје бара објаснувања зошто се бара дозвола за влез на литература од земја-членка на ЕУ, и тврдат дека такво нешто не е регулирано никаде и е апсурдно да се случува во 2021 година во држава која сака да се присоедини кон ЕУ. Оттаму, додава дописникот на МИА во Софија, навдуваат и дека за ова ќе бидат запознаени и Европската комисија и амбасадите на државите членки во Скопје.